Неизвесен е почетокот на тениската сезона

Неизвесен е почетокот на тениската сезона

пред 3 години

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП), се соочува со големи проблеми, поврзани со организацијата на турнирите што треба да се одржат на поочетокот на 2021 година. Светските медиуми објавија дека на тенисерите нема да им биде дозволено да влезат во Австралија во декември.

Планот на Тенискиот сојуз на Австралија беше сите турнири, кои во оваа држава се играат на почетокот од годината, да бидат одржани во „балон“ во Мелбурн. Планирано беше тенисерите да пристигнат во Австралија некаде во декември, за да можат да го мина задолжитниот каранти. Според законите во Австралија, карантинот трае 14 дена.

Во тој период тенисерите би се подготвувале за да ја одржат кондицијата и формата за стартот на сезоната.

„Во последните 24 часа известени сме дека постојат проблеми во врска со претходно планираното пристигнување на тенисерите и нивните тимови. Ќе бидеме во контакт со Тенискиот сојуз на Австралија за да можеме да го усогласиме календарот за јануари. Наскоро очекуваме да имаме нови информации“, ги известиле тенисерите од АТП.

Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, треба да започне на 18.јануари. Претходо планирани се турнирите во Бризбејн, Аделаида и Хобарт, како и одржувањето на АТП купот.

Share
Scroll to Top