Светското фудбалско првенство во Саудиска Арабија, предвидено за 2034 година, би можело да се одржи на почетокот на 2035 година поради горештините и преклопувањето на можниот зимски термин со Рамазан.
Германски „Кикер“, повикувајќи се на „Атлетик“, ја пренесе оваа можност, но нема потврдена одлука за поместување на турнирот.
Високите летни температури го отежнуваат одржувањето на Мундијалот во традиционалниот термин во јуни и јули. Првенството во Катар во 2022 година се играше во ноември и декември, но во 2034 година тој период се преклопува со рамазан, што дополнително го усложнува изборот на датумите.
Како можен термин се споменува почетокот на 2035 година, додека АП претходно го наведе и јануари 2034 година како една од опциите. Точните датуми треба да ги одреди ФИФА.






