Нема бикини, нема настап

Нема бикини, нема настап

пред 3 години

Светските вице-шампионки во одбојка на песок, Карла Боргер и Јулиа Зуде, нема да настапат на турнирот во Катар. Тие го откажале настапот во Доха, бидејќи организаторот не дозволува одбојкарките да играат во бикини, туку според законите кои владеат во земјата, треба да бидат „покриени“.

Одбојкарките кои ќе настапат во Доха, ќе мора да носат тренерки и маици.

„Ние само сакаме да си ја работиме нашата работа. Но, спречени сме да ја носиме работната гардероба. Ова е единствената земја, во која владата ни кажува како треба да работиме. Тоа ни пречи“, рекла Боргер.

„Дали навистина турнирот навистина треба да се одржи таму“, дополнила Боргер, алудирајќи на тоа дека во Катар се кршат правата на жените.

Share
Scroll to Top