Нема договор помеѓу Баерн и Алаба

Нема договор помеѓу Баерн и Алаба

пред 4 години

Уште една рунда од преговорите на релација Баерн Минхен-Давид Алаба завршила неуспешно. Според „Бил“, преговорите се одржале минатата недела. Договорот на Алаба со Баерн истекува по завршувањето на сезоната, според правилот Босман, тој во јануари ќе може да стапи во преговори со други клубови.

Плата на Алаба и провизијата за менаџерот Пини Захави ги прават преговорите неуспешни.

Алаба, од клубот, бара речиси 400.000 евра неделна плата, а менаџерот како провизија, доколку Алаба го продолжи договорот, сака да извлече од Баерн 20.000.000 евра.

Давид Алаба е играч на Баерн од 2008 година. Медиумите шпекулираат дека интерес за него има кај Барселона, Реал, Манчестер сити и Јувентус.

Share
Scroll to Top