Нема тики-така во Бразил – Фламенго го отпуштија Торент по нецели четири месеци

Нема тики-така во Бразил – Фламенго го отпуштија Торент по нецели четири месеци

пред 3 години

Доменек Торент, поранешниот помошник на Пеп Гвардиола, доби отказ од бразилскиот гигант Фламенго по помалку од четири месеци по низата катастрофални порази.

58-годишниот Шпанец доби отказ откако Фламенго загубија со 4:0 од Атлетико Минеиро минатиот викенд, а една недела претходно загубија дома со 1:4 од Сао Пауло. Клубот е на третото место во бразилската Серија А со еден поен заостанување зад лидерот Интернасионал.

Торент работеше под Гвардиола од почетокот на неговата кариера со Барселона Б, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, пред да си замине во 2018 за да стане тренер во Њујорк Сити ФЦ, пред во јули 2020 да добие шанса во Фламенго како замена за Жорге Жесус, кој минатата сезона освои историска двојна титула во Бразил и трофеј од Копа Либертадорес.

Share
Scroll to Top