Нерешено на полувреме – Куртоа спречи водство на Ливерпул, ВАР го поништи голот на Бензема

Нерешено на полувреме – Куртоа спречи водство на Ливерпул, ВАР го поништи голот на Бензема

пред 2 години

Нема голови по првото полувреме на 66.финале во Купот/Лигата на шампионите, кое Ливерпул и Реал го играат на стадионот Франција во Сен Дени.

Првиот дел мина во доминација на Ливерпул. Особено четата на Јирген Клоп беше опасна во периодот од 16. до 21.минута, кога Куртоа го одбрани ударот на Салах, а потоа со помош на стативата го спречи Мане да постигне гол.

Во овој период удари кон голот на Куртоа упатиј аи Салах, Алкантара и Алесандер-Арнолд.

Реал во првиот дел беше мпотистант на својата половина. Во претпоследната минута Бензема по една конфузија во одбраната на Ливерпул постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Доминацијата на Ливерпул ја потврдува статистиката, црвените упатија десет удари, пет од нив одеа во рамките на голот, додека Реал само еднаш шутаа кон голот на Алисон.

Share
Scroll to Top