Неуништливата Италија е европски одбојкарски шампион

Неуништливата Италија е европски одбојкарски шампион

пред 3 години

Одбојкарска Европа доби нов владетел – машката одбојкарска селекција на Италија.

Во вечерашното финале Италијанците по голема борба, со пресврт славеа против селекцијата на Словенија со 3-2, или по сетови 22:25, 25:20, 20:25, 25:20 и 15:11.

Италија последен пат шампион на Европа била во 2005 година, а финале играла последен пат во 2013 година.
Италијанците по седмипат го покоруваат Стариот континет.

Турнирот го завршуваат непоразени со скор 9-0.

Домаќинот на ЕП, селекцијата на Полска стигна до бронзата откако денеска со 3-0, по сетови 25:22, 25:16 и 25:22 беше подобра од Србија.

Полјаците со голема поддршка на полната сала го повторија резултатот од претходниот шампионат.

Натурализираниот Леон беше предводник со 14 поени, а Бартош Курек придодаде 11 поени.
Кај поразената селекција 10 поени одат зад името на Марко Ивовиќ.

Share
Scroll to Top