Нешто било и до болидот! „Замената“ Расел најбрз на двете сесии во Бахреин

Нешто било и до болидот! „Замената“ Расел најбрз на двете сесии во Бахреин

пред 4 години

Џорџ Расел, возачот кој не успеа да освои ниту еден поен во сезоната 2020 во Формула 1, имаше најбрзо време на двата тренинзи пред Сакир ГП трката, втората трка во една недела во Бахреин, откако му го зеде болидот на светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес, по неговата болест (КОВИД-19).

Во ситуација која е во најмала рака засрамувачка за Мерцедес, 22-годишниот Расел во првиот викенд во моќниот болид на шампионите, успеа двапати да биде побрз од нивниот актуелен возач Валтери Ботас, а сесиите исто така покажаа дека болидот на „Сребрената стрела“ е толку доминантен што речиси не е важно кој ќе биде зад воланот за да има предност пред ривалите од Ред бул и Ферари.

Во првата сесија, Расел постави време од 54.546, за 0.332 побрзо од Ботас, кој беше само четврти зад двајцата возачи на Ред бул, Макс Ферстапен и Алекс Албон. Во втората сесија, Англичанецот пак, имаше малку среќа, бидејќи Ботас беше побрз на патеката, со време од 54.506, но ова време беше избришано бидејќи тој излегол надвор од патеката. Расел со 54.713 беше најбрз во 90-минутната сесија пред Ферстапен и Серхио Перез во Рејсинг поинт, додека валидното време го постави Ботас на 11. место.

Share
Scroll to Top