Нејмар бара нов договор со ПСЖ и веќе работи како „скаут“!

Нејмар бара нов договор со ПСЖ и веќе работи како „скаут“!

пред 4 години

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар му соопштил на својот клуб Пари Сен-Жермен дека сака да потпише нов договор и дури помага клубот да пронајде нови фудбалери со кои би се засилиле и би стигнале до целта – трофеј од Лигата на шампионите, јавува францускиот „Телефут“.

Со осум победи во низа, ПСЖ веќе има пет поени предност во Лига 1, и може да се фокусира на Лигата на шампиони, каде што минатата сезона стигнаа до финалето. 28-годишниот Бразилец му порачал на портскиот директор Леонардо дека сака да го обнови договорот и по 2022 година и дека е подготвен да остане со истата (астрономска) плата од 660.000 евра неделно.

Ова претставува целосен пресврт во односите на Бразилецот со ПСЖ, откако минатото лето тој беше очаен да се врати во Барселона и дури беше подготвен да прифати намалување на платата за 50 отсто. Меѓутоа, финансиската криза поради КОВИД-19 значи дека каталонскиот клуб во моментов не може да си приушти ваков трансфер, а покрај тоа Барса се наоѓа и во играчка криза со најавата за заминување на Лионел Меси.

Иронично, за ПСЖ сега договорот на Нејмар не е приоритет, туку заддржувањето на Килијан Мбапе по 2022 по огромниот интерес кој го покажува Реал Мадрид. ПСЖ веќе му понудиле на Мбапе идентичен договор како тој на Нејмар, но уште нема договор.

Share
Scroll to Top