Нејмар ги чинел ПСЖ астрономски 489 милиони евра!

Нејмар ги чинел ПСЖ астрономски 489 милиони евра!

пред 3 години

Кога Пари Сен-Жермен го шокираа фудбалскиот свет со трансферот на Нејмар од Барселона, беше објавено дека тоа ги чинело фантастични 222 милиони евра, рекорд кој уште не е срушен, но сега анализата на договорот на Бразилецот со францускиот клуб покажува дека тој всушност ги чинел апсолутно неверојатни 489.288.117 евра.

Барса ги добија 222 милиони евра кои беа посочени во клаузулата од неговиот договор, но според „Ел Мундо депортиво“, тоа било само почеток. Нејмар има годишна плата од 43.334.400 евра за пет сезони, а ако остане и шеста година, сумата расте на 50.556.117 евра. Вкупно, тоа значи дека Нејмар ги чини ПСЖ 489.228.117 евра.

Share
Scroll to Top