Нејмар, Мбапе и Кин се враќаат против Монако

Нејмар, Мбапе и Кин се враќаат против Монако

пред 3 години

Томас Тухел, конечно, може да здивне, откако триото Нејмар, Килијан Мбапе и Моисе Кин се вклучени во составот за вечерниот дуел со Монако, откако тројцата отсуствуваа поради различни причини.

Нејмар поради повреда на препоните ги пропушти претходните три меча на ПСЖ и не играше за Бразил во репрезентативната пауза, додека Кин се повреди при настапите за италијанската репрезентација. Мбапе, пак, се врати за Франција во вторникот, откако имаше повреда на бутниот мускул против Нант на 31 октомври

ПСЖ се мачеа со голем број на повреди на стартот на сезоната и уште се без Марко Верати, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Идриса Геје, Тило Керер и Хуан Бернат. ПСЖ имаат 5 поени предност на врвот во Лига 1, но во Лигата на шампионите ситуацијата не е толку добра, тие се на третото место на табелата зад Манчестер јунајтед и РБ Лајпциг.

Share
Scroll to Top