Нејмар оди на операција и ја пропушта сезоната

Нејмар оди на операција и ја пропушта сезоната

пред 2 години

Бразилецот Нејмар ќе отсуствува до крајот на сезоната откако е донесена одлука тој да биде опериран за да се санира повредата на десниот скочен зглоб. Поради ова, напаѓачот ќе биде надвор од терените до четири месеци, соопшти францускиот клуб Пари Сен Жермен.

Нејмар ќе го пропушти натпреварот на ПСЖ од Лигата на шампионите против Баерн Минхен во среда и ќе биде опериран во наредните денови во болница во Доха, информираат од ПСЖ.

„Нејмар покажа неколку епизоди на нестабилност на десниот скочен зглоб во последните години“, се вели во соопштението на ПСЖ. „По неговото последно истегнување на лигаментите на 20 февруари, медицинскиот персонал на Пари Сен Жермен препорача операција за санирање на лигаментите за да се избегне голем ризик од повторување на повредата. Сите експерти кои беа консултирани ја потврдија оваа неопходност“, објави ПСЖ.

Нејмар ја заработи последната повреда минатиот месец во победата од 4:3 над Лил во француското првенство. Претходно го повреди истиот глужд и на Светското првенство во Катар.

Share
Scroll to Top