Нејмар уште пет години во ПСЖ, за плата од 37.000.000 евра

Нејмар уште пет години во ПСЖ, за плата од 37.000.000 евра

пред 3 години

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, до крајот на неделата ќе потпише нов договор со ПСЖ, тврди „ЕСПН Бразил“.

Нејмар има договор до 2022 година, но тој веќе договорил со клубот да потпише пет годишен договор.

Платата ќе му остане иста, 37.000.000 евра по сезона. Мотивите да остане во ПСЖ биле спортски, а не економски.

Нејмар, за светски рекорд, во 2017 година од Барселона се пресели на „Паркот на принцовите“. ПСЖ за неговиот трансфер издвоија 222.000.000 евра.

Бразиелцот, поради честите повреди, за ПСЖ има одиграно само 89 натпревари, постигнал 72 гола.

Share
Scroll to Top