Нејмар-шоу во контроверзно одложениот меч ПСЖ-Башакшехир

пред 3 години

Пари Сен-Жермен со 5:1 ги совлада Башакшехир во продолжението на мечот кој вчера беше прекинат поради наводните расистички коментари на четвртиот судија кон клупата на турскиот клуб, предизвикувајќи прекин и многу дискусии во фудбалскиот свет. Со нови судии, како што бараа Башакшехир, денеска мечот започна со клекнување на сите играчи (и новите судии) на стартот во сигнал за барање на исфрлување на расизмот од светот на фудбалот. Мечот не беше од никаква резултатска важност – ПСЖ веќе беа квалификувани во осминафиналето, а Башакшехир без шанси за поместување од последното место, откако вчера РБ Лајпциг го совлада Манчестер јунајтед со 3:2. Ова не му пречеше на Нејмар целосно да издоминира во мечот, постигнувајќи хет-трик (од кои првиот гол е мајсторски), а два гола додаде Килијан Мбапе. ГРУПА Х, 6.КОЛО Пари Сен-Жермен – Башакшехир 5:1 Конечна табела : 1.ПСЖ 12, 2.Лајпциг 12, 3.Манчестер ј. 9, 4.Башакшехир 3

Share
Scroll to Top