Иван Ракитиќ до ова лето го носеше дресот на барселона. Поранешниот репрезентативец на Хрватска е еден од ретките кои вели дека Лионел Меси и Антоан Гризман никогаш не биле во лоши односи.
Ракиитќ пет сезони беше соиграч со Меси, а само една сезона ја делеше соблекувалната со Гризман.
„Според она што го видов, тие добро се согласуваат. Имав одлични односи со Лео и Антоан“, изјавил Ракитиќ за шпанските медуми.
„Често ги гледав заедно во соблекувалната. Ако почнат заедно да постигнуваат голови, тогаш шпекулациите дека не се во добри односи ќе престанат. Станува збор за добри луѓе. Антоан е одлично момче, не би требало да има проблеми“, заклучил Ракитиќ.