Не се откажува од тенисот, Дел Потро оди на нова операција

Не се откажува од тенисот, Дел Потро оди на нова операција

пред 3 години

Хуан Мартин дел Потро повторно ќе го оперира повреденото колено. Аргентинецот не се откажува од намерата да настапи на Олимписките игри во Токио.

Дел Потро, од октомври 2018 година, кого го повреди коленото, одиграл само 12 мечеви, последниот во Квинс во јули 2019 година.

Три пати го оперирал повреденото колено, последен пат во август минатата година.

„Се обидовме со конзервативна терапија, но болката се уште е присутна. Докторот знае дека сакам да играм тенис и дека сакам да настапам на Олимписките игри во Токио. Се согласивме дека треба да имам уште една операција“, напишал аргентинскиот тенисер на Инстаграм.

Share
Scroll to Top