Нигеријците ги добија парите, ќе играат против Габон

Нигеријците ги добија парите, ќе играат против Габон

пред 4 часа

Фудбалската репрезентација на Нигерија ќе го игра натпреварот против Габон во плеј офот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Во вторникот, фудбалерите и стручниот штаб започнаа штрајк поради неплатени хонорари и бонуси. Побараа од Нигериската фудбалска федерација (NFF) проблемот итно да биде решен, бидејќи некои долгови дтарираат уште од 2019 година.

Тимот, предводен од ѕвезди како Виктор Осимхен и Адемола Лукман, одби да тренира во Мароко, каде што се подготвува за полуфиналниот натпревар. Според извештаите, играчите побарале исплата на посебен бонус за африканските плејоф натпревари, како и заостанати квалификациски такси за Африканскиот куп на нации во 2025 година и тековната кампања на Светското првенство.

Драмата доби среќен крај што потврди капитенот Трост-Еконг на социјалните мрежи.

„Проблемот е решен. Сите отворени финансиски прашања се решени и ние сме подготвени на теренот. Тимот е обединет и, како и досега, фокусиран на претставување на Нигерија со максимални перформанси во следните натпревари.

Бојкотот фрли сенка врз подготовките за натпреварот против Габон, кој ќе се игра во четврток на стадионот „Мулај Хасан“ во Рабат. Победата е клучна за да се одржат надежите на Нигерија за пласман на Нигерија на Светското првенство следната година во Канада, Мексико и САД.

Победникот од овој натпревар во неделното финале од африканскиот плејоф ќе игра против подобриот тим од натпреварот меѓу Камерун и ДР Конго.

Тимот што ќе триумфира во финалето ќе обезбеди место во интерконтиненталните квалификации во март 2026 година, каде што шест репрезентации ќе се борат за последните две места на Светското првенство.

Share
Scroll to Top