Ники Бат си замина од Манчестер јунајтед

Ники Бат си замина од Манчестер јунајтед

пред 3 години

Ники Бат, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, изненадувачки си замина од развојната школа на „ѓаволите“ по девет години работа како тренер со својот клуб. Бат, кој имаше 387 настапи за Јунајтед како фудбалер претходно беше шеф на академијата на клубот, надгледувајќи го развојот на Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд.

„Бидејќи самиот поминав низ академијата и одиграв речиси 400 меча за Манчестер јунајтед, беше вистинска привилегија да се работи со новата генерација на таленти на клубот. Горд сум на мојата завршена работа со младите фудбалери. Веќе знам од времето кога бев фудбалер, колку е тешко да се замине од Манчестер јунајтед, но ова е вистински момент за нов професионален предизвик“, изјави Бат.

Откако ја заврши кариерата како фудбалер во 2011, Бат работеше како шеф на академијата во февруари 2016, а во јули 2019 година беше промовиран во новата улога на одговорен за развој на првиот тим.

„Ники секогаш ќе остане легенда на Манчестер јунајтед и шесткратен шампион од Премиер лигата, како и важен дел од тимот кој ја освои тројната титула. Ќе ни недостасува, но знае дека секогаш е добредојден“, вели менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Share
Scroll to Top