Никола Миротиќ најплатен кошаркар во Евролига – 4,5 милиони по сезона

Никола Миротиќ најплатен кошаркар во Евролига – 4,5 милиони по сезона

пред 3 години

Порталот „Jurohups“ направи анализа кои се најплатените кошаркари кои нстапуваат во Евролигата.

Никола Миротиќ во Барселона е најплатениот меѓу конкурентите. Тој заработува по 4,5 милиони евра по сезона.

Зад него е тандемот на Ефес – Шејн Ларкин и Василие Мициќ. Годишната плата на Ларкин е 3,7 милиони евра, додека српскиот кошаркар е трет на оваа листа со 3 милиони по сезона.

Четврти според примањата во Евролигата е уште еден Србин, центарот Никола Милутинов (ЦСКА Москва) со 2,5 милиони по сезона.

На петтата позиција следува Јан Весели (Фенербахче) со 2,3 милиони евра.

Центарот на Реал Мадрид, „џинот“ од Зеленортските острови – Еди Таварез има договор со 2024 година со 2 милиони евра по сезона, а на седмата позиција е Французинот Нандо Де Коло кој во Фенербахќе има 1,9 милиони евра по сезона.

Осмата позиција на оваа листа е за Торник Шенгелија од ЦСКА Москва. Грузиецот има договор со 1,8 милиони евра годишно, исто како и двајцата Грци зад него, Костас Слукас (Олимпијакос) и Ник Калатес (Барселона).

Share
Scroll to Top