Никој не го сопира Манчестер сити – пак супериорни за победа кај Евертон

Никој не го сопира Манчестер сити – пак супериорни за победа кај Евертон

пред 4 години

Веќе во февруари, тешко е да се замисли ситуација во која Манчестер сити нема да биде новиот англиски шампион, откако тимот на Пеп Гвардиола ја продолжи неверојатната низа на 17 победи (во сите натпреварувања), триумфирајќи со 3:1 на „Гудисон парк“ кај Евертон, кои се во мини-криза со само една победа во последните шест премиерлигашки мечеви.

Со оваа победа, Сити, конечно, имаат ист број на натпревари како своите ривали, и сега бегаат неверојатни 10 поени пред Манчестер сити по 24 од 38 кола.

Фил Фоден продолжи со одличните игри и ги донесе „граѓаните“ во водство во 32. минута, но Евертон успеа да израмни преку Ришарлисон со малку среќа пет минути подоцна. Сепак, доминацијата на топка на Сити се исплатеше во второто полувреме – Ријад Марез во 63. минута го врати водството, за Бернардо Силва во 77. минута да стави печат на победата. Уште подобра вест за Пеп Гвардиола, е што во игра во 77. минута се врати Кевин де Брујне, еден од неговите најдобри фудбалери кој неколку недели беше во аут со повреда.

Евертон, пак, остануваат на седмото место со 37 поени и ќе мораат да се потрудат доколку сакаат да се борат за место во европските купови.

Share
Scroll to Top