Никој не знае каде се милионите на Марадона

Никој не знае каде се милионите на Марадона

пред 4 години

Диего Марадона почина на 25.ноември минатата година. Додека трае истргата за неговата смрт, наследниците на легендарниот фудбалер, со нетрпение чекаат да да започне оставинската постапка.

Еден од адвокатите, открил дека, наследството на Марадона не е големо како што претходно се тврдеше. Се претпоставуваше дека богатството на Марадона изнесува 86 милиони евра, меѓутоа како сега стојат работите, наследниците ќе се „борат“ за само 4,46 милиони евра.

„Се зборуваше за 86 милиони евра, но испадна дека се работи за само 4,46 милиони евра, еден мал стан, стара куќа и два автомобила“, рекол Марио Баудри, адвокат кој ги застапува интересите на најмладиот син на Марадона, Диего Фернандо.

„Диего заработи многу пари, а пари немаше. Ви финансиските извештаи нема толкава сума. Не знаеме дали ги потрошил парите, или можам да кажам дека не знаеме каде се парите“, дополнил Баудри.

Адвокатот раскажал и дека во куќата во Буенос Аирес постоел сеф, за кој Марадона мислел дека само тој можел да го отвори, но вистината е дека секој можел да го отвори сефот.

„Доколку заработил милиони, каде се тогаш? Доколку ги потрошил, а се надеваме дека тоа е така, тогаш нема никакво проблем. Неговите наследници ќе бидат мирни доколку дознаат што се случило со парите. Но, до овој момент нема никаков доказ што се случило со парите“, заклучил адвокатот Баудри.

Share
Scroll to Top