Никој од Реал не замина за Париз – Винисиус нема да ја добие Златната топка

Никој од Реал не замина за Париз – Винисиус нема да ја добие Златната топка

пред 2 месеци

Иако се чинеше дека се е подготвено за промоција на Винисиус Жуниор во најдобар фудбалер за 2024 година, потегот на Реал Мадрид на денот на доделувањето на „Златната топка“ откри многу работи.

Според сите прогнози и најави, Бразилецот требаше да го подигне својот прв најголем индивидуален трофеј, но како што сега стојат работите престижната награда ќе му припадне на Шпанецот Родри.

Поради ова сознание, челниците на Реал Мадрид го шокираа фудбалскиот свет и го откажаа заминувањето на целата нивна делегација на церемонијата во Париз.

Авионот од Мадрид требаше да полета за „градот на светлината“ во 15 часот, но Реал ја запре целата експедиција, која броеше дури 50 луѓе.

Покрај Винисиус номинира се и Џуд Белингем. Килијан Мбапе, Феде Валверде, Тони Крос, Дани Карвахал и Ридигер.

Исто така, Карло Анчелоти е во конкуренција за најдобар тренер, голманот Андреј Луњин за трофејот „Лава Јашин“, а младиот Арда Гулер за „трофејот Копа“.

Но, очигледно никој од нив нема да биде присутен во Париз на настанот кој ќе започне во 20:45 часот.

Веста прв ја објави спортскиот новинар на РМЦ, Фабрис Хокинс.

Share
Scroll to Top