Никс лесно се справија со Портланд

Никс лесно се справија со Портланд

пред 3 години

Кошаркарите на Њујорк Никс, во пладневниот термин во НБА лигата, забележаа над Портланд 110:99.

Никс играат преку сите очекувања оваа сезона, иако имаат негативен скор од 11 победи и 13 порази се наоѓаат на шестото место во Источната конференција. Шести во својата конференција се и Портланд, со скор од 12 победи и 10 порази.

До втората врзана победа, тимот на тренерот Том Тибодо, го предводеа Елфрид Пејтон (22 поени, 7 скока, 4 асистенции) и Џулиус Рендл (22 поени, 11 скока, 4 асистенции). Покрај овие двајца уште четворица играчи на Никс постигнаа двоцифрен број на поени.

Демијан Лилард беше најефикасен во редовите на Портланд со 29 поени. Кармело Ентони, притив тимот во кој мина седум сезони, постигна само два поени, погоди само еднаш од осумте шутеви.

Share
Scroll to Top