Нова драма! Наоми Осака во солзи по првата прес-конференција од јуни

Нова драма! Наоми Осака во солзи по првата прес-конференција од јуни

пред 3 години

Четирикратната гренд слем шампионка, Наоми Осака се расплака на првата прес-конференција од Ролан Гарос, по што успеа да се созеде и да се врати да одговори на дополнителни прашања.

Пред настапот на Вестерн & Саутерн опен во Синсинати оваа недела, јапонската тенисерка присуствуваше на првата прес-конференција од Ролан Гарос, каде што објави дека нема да зборува со медиумите за да го сочува своето ментално здравје. По ова таа се повлече од Ролан Гарос и Вимблдон, пред да игра на Олимпијадата во Токио.

Според нејзиниот агент, Стјуарт Дугуид, новинарот од „Синсинати енквајр“ и поставил „прашање со агресивен тон“ околу тоа колку таа добива од својот профил на елитна спортистка, но не сака да зборува со медиумите. 23-годишната Осака си замина од прес-конференцијата пред да се врати и да одговори на дополнитени прашања. Дугуид вели дека се работи за „насилно однесување“.

„Силеџијата од ‘Синсинати енвајр’ е вистински пример зошто односите помеѓу тенисерката и медиумите се на такво ниво. Сите кои го следеа ќе препознаат дека тонот беше погрешен и дека неговата цел беше да застрашува. Очајно однесување“, изјави Дугуид.

Share
Scroll to Top