Нова катастрофа на Фенер и Кокошков, овојпат во Литванија

Нова катастрофа на Фенер и Кокошков, овојпат во Литванија

пред 3 години

Огастин Рубит постигна 18 поени, а уште четири други кошаркари на Жалгирис беа двоцифрени за неверојатна 99:62 победа над Фенербахче, израмнувајќи го сопствениот рекорд за највисока победа во Евролигата.

Жалгирис водеше со 24:7 по првата четвртина, со 20 поени разлика на полувреме (51:31) во уште еден меч кој ги загрижи фановите на Фенербахче и постави дополнителен притисок на новиот тренер Игор Кокошков.

Нандо де Коло имаше 14 поени за турскиот клуб, кој имаше катастрофални бројки дури и во слободните фрлања (само 5 од 12). Жалгирис, пак, имаа 31 асистенција, загубија само 12 топки и имаа 53.3 отсто во тројки.

И вториот турски клуб во Евролигата беше поразен – Кевин Пантер уфрли 18 поени за Олимпија Милано на гости да стигне до 72:69 победа над Анадолу Ефес.

ЕВРОЛИГА, 15.КОЛО

Анадолу Ефес – Милано 69:72 (20:20, 11:26, 21:6, 17:20)

Жалгирис – Фенербахче 99:62 (24:7, 27:24, 30:16, 18:15)

Панатинаикос – Алба Берлин 92:69 (25:18, 14:14, 27:20, 26:17)

Share
Scroll to Top