Нова криза во Реал – сега на „мета“ е Рафаел Варан

Нова криза во Реал – сега на „мета“ е Рафаел Варан

пред 3 години

Рафаел Варан повторно е под критики за својата форма, откако агентот и близок пријател на неговиот сонародник Карим Бензема, Карим Џазири го нарече на Твитер „сенка“ на играчот кој беше во минатото.

Иако се веруваше дека победата во „Ел класико“ ќе ги надмине проблемите и несогласувањата во Реал Мадрид, неделниот 4:1 пораз од Валенсија само ја зголеми тензијата. Еден од најкритикуваните беше дефанзивецот Варан, кој си постигна смешен автогол за да ги комплетира лошите неколку месеци – во август тој направи две клучни грешки во поразот од Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Ова е еден од последните проблеми во Реал, откако самиот Бензема неодамна беше фатен на камера како на соиграчот Ферлан Менди му вели да не му додава на Винисиус Жуниор, а претходно на камера беше фатен и Иско како се жали за малата минутажа која ја добива.

Зидан има малку време да го „смири“ бродот додека е почеток на сезоната.

Share
Scroll to Top