Нова „нула“ за Гвардиола – Вест Бром се избори за поен против Сити

Нова „нула“ за Гвардиола – Вест Бром се избори за поен против Сити

пред 3 години

Манчестер сити не успеа да стигне до победа во втор меч во низа во Премиер лигата, откако Вест Бромвич Албион на Славен Билиќ успеа да се избори за реми на „Етихад“.

Илкај Гундоган ги донесе „граѓаните“ во водство во 30-тата минута од мечот, меѓутоа во финишот на полувремето, Рубен Дијаш си постигна автогол во 43. минута за на одмор да се отиде со 1:1. И покрај теренската доминација, нападот на Пеп Гвардиола не успеа да ја скрши одбраната на претпоследниот тим во лигата, задоволувајќи се само со реми.

Со поенот, Сити дојдоа со 20 поени со што се на шестото место на табелата со пет поени заостанување зад Тотенхем и Ливерпул, кои утре го играат големото дерби. ВБА пак, останува на претпоследното место на табелата со 7 поени, еден помалку од Фулам и два од Барнли на 17. место на табелата. Последни се Шефилд јунајтед со само еден поен.

Share
Scroll to Top