Нова разочарувачка партија на Јувентус, освоија само бод во Беневенто

Нова разочарувачка партија на Јувентус, освоија само бод во Беневенто

пред 3 години

Фудбалерите на Беневенто и Јувентус одиграа 1:1 во деветтото коло, во Серија А. Актуелниот шампион трет пат сезонава ремизирае на гостински терен. Тимот на Андреа Пирло, нема пораз во првенството, но има повеќе нерешени резултати (пет) од победи (четири).

Јувентус играше без Кристијано Роналдо, но тоа не треба да им биде оправдување за резултатот што го постигнаа кај „вештерките“ од Беневенто.

Имаа предност гостите од Торино со голот на Алваро Мората од 21.минута, а откако не искористија две шанси, казната ги стигна во судиското надополнување на времето во првиот дел, кога Летизиа го израмни резултатот.

Играчите на Јувентус се обидуваа во вториот дел да постигнат гол, меѓутоа нападите им беа премногу стерилни.

Дополнителен проблем за Пирло е црвениот картон кој го доби Мората по завршувањето на натпреварот.

Јуве со натпревар повеќе има три бода помалку од лидерот Милан, Беневенто со првиот нерешен резултат во сезоната дојдоа до 10 бод и до 12 место на табелата.

Share
Scroll to Top