Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена.
Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната уште летоска по тешка повреда на колено.
Сега останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета за натпреварот против Нотингам Форест, а потоа и против Ајакс и Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“.