Рускиот возач Никита Мазепин потпишал повеќегодишен договор со тимот на Хас и наредната сезона ќе дебитира во Формула 1. Хас се уште не соопштиле кој ќе вози покрај Мазепин во тимот наредната сезона. Шпекулациите велат дека тоа ќе биде Мик Шумахер.
Мазепин (21) има добра сезона во Формула 2. На две трки до крајот тој се наоѓа на третото место во генералниот пласман.
„Никита оваа сезона ги покажа своите способности во Формула 2, каде забележа две победи“, рекол директорот на Хас, Гинтер Штајнер.
„Се радувам на соработката со Хас. Екипата ќе бара од мене повратни информации и податоци за 2021 година и понатаму. Ќе ја преземам одговорноста, со нетрпение чекам да почнам“, рекол младиот руски возач.
Никита Мазепин е син на рускиот милијардер, Дмитриј Мазепин.