Норис доминантно го победи Ферстапен во Холандија

Норис доминантно го победи Ферстапен во Холандија

пред 2 месеци

Ландо Норис победи на трката за големата награда на Холандија. Британецот, во неделата ја прекина серијата од три победи во која се наоѓаше Макс Ферстепн на патеката во Зандворт.

Норис и покрај проблемите на стартот, кога ја загуби првата позиција од Ферстепен надмоќно победи. Возачот на Мекларен во 18.круг ја врати првата позиција и потоа рутински победи. Разликата меѓу него и Ферстпен беше 21 секунда.

На најниското скалило на пиедесталот се искачи Шарл Леклер, кој ја извозе најдобрата трка оваа сезона.

Норис (Мекларен), Ферстепен (Ред Бул), Леклер (Ферари), Пјастри (Мекларен), Саинц (Ферари), Перез (Ред Бул), Расел (Мерцедес), Хамилтон (Мерцедес), Гасли (Алпин), Алонсо (Астон Мартин).

Во генералниот пласман Норис ја намали предноста на Ферстапен во генералниот пласман. Исто така Мекларен, во поредокот на конструктори, сега има само 31 поен помалку од Ред Бул.

Наредната трка се вози за една недела во Монца.

Share
Scroll to Top