Норич со победа кај Вотфорд излезе од зоната за испаѓање!

Норич со победа кај Вотфорд излезе од зоната за испаѓање!

пред 2 години

Иако се веруваше дека тие веќе практично се второлигаши, Норич со две победи во низа успеа да излезе од зоната за испаѓање во Премиерлигата, победувајќи со 0:3 кај Вотфорд во меч кој беше накратко прекинат поради прекин на струјата, и кој може да биде кобен за нивниот менаџер, Клаудио Раниери.

По 2:1 победата над Евертон, менаџерот Дин Смит (поранешен прв човек на Астон вила), очигледно успеа да им ја крене довербата на своите играчи, за импресивна победа во Лондон.  Човек на одлука овојпат беше младиот Американец, Џошуа Сарџент, кој ги постигна првите два гола на мечот во 51. и 74. минута од мечот. Мизеријата на Вотфорд ја зголеми Јурај Куцка, кој си постигна автогол во 93. минута од мечот кој имаше невообичаени 15 минути продолжение.

Норич сега се 17. со 16 поени, два повеќе од Вотфорд, иако тимот на Раниери има два меча помалку, Њукасл се 19. со 12 поени, додека Барнли се последни со 11 поени (иако со дури 5 натпревари помалку од Норич).

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top