Нула во дербито на Манчестер

Нула во дербито на Манчестер

пред 3 години

Манчестер јунајтед и Манчестер сити ремизираа 0:0 во дербиот на колото, во Премиер лигата. Манчестерските ривали одиграа натпревар кој веднаш ќе биде заборавен.Впечатокот е дека двата тима играа да останат непоразени. Јунајтед и Сити прв пат ремизираа по 2017 година.

Манчестер јунајтед се обидуваше да се закани кон голот на Едерсон од прекините и корнерите, додека Манчестер сити шансата ја бараа преку контранападите.

Во 90 минути, голема шанса не успеа да реализира само Ријад Марез. Интересен беше и моментот на стартот на вториот дел, кога Јунјтед добија пенал, меѓутоа по прегледувањето на снимката, ВАР утврди дека претходно Маркус Рашфорд бил во офсајд.

Јунајтед по ова коло има 20 бодови, Сити еден помалку.

Share
Scroll to Top