Обамејанг пак стрелец, Барса со три поени од Баскија

Обамејанг пак стрелец, Барса со три поени од Баскија

пред 2 години

Барселона се врати на второто место во шпанската Ла лига по шокантниот пораз од Кадиз, победувајќи со минимални 0:1 кај Реал Сосиедад, повторно благодарение на Пјер-Емерик Обамејанг.

Феран Торес успеа да ја измами одбраната на Сосиедад во 11. минута и да му асистира на Обамејанг, за рано водство на каталонскиот клуб. Ова беше 9. гол во 8 меча во Ла лига за Обамејанг во дресот на Барса и вкупно 11. гол во 14 меча за Барселона, што е повеќе во претходните 34 меча за Арсенал и за репрезентацијата на Габон.

Со победата, Барселона се искачи на второто место на табелата со 63 поени, 15 зад лидерот Реал Мадрид и израмнети со третопласираните Севилја, иако имаат натпревар помалку. Сосиедад остануваат на шестото место со 55 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top