Обвинителите бараат одземање на Поршето на „Лордот“ Бендтнер

Обвинителите бараат одземање на Поршето на „Лордот“ Бендтнер

пред 3 години

Никлас „Лордот“ Бендтнер повторно е на насловните страници во неговата татковина Данска, откако обвинителите бараат одземање на неговото Порше вредно 250.000 евра поради седум сообраќајни прекршоци.

Поранешната ѕвезда на Арсенал, ќе мора да се појави на суд во Копенхаген на 27 април, каде што ќе одговара на пет обвиненија за возење без возачка дозвола, и две казни за пребрзо возење, направени од јуни 2020 до февруари оваа година.

Обвинителството бара запленување на неговото Порше Тајкан Турбо С и висока казна, а адвокатката на Бендтнер, Ања Велбек Муридсен тврди дека тој ќе се изјасни виновен за пребрзо возење, но дека има валидна возачка дозвола, издадена во Велика Британија.

Ова не е прв легален проблем на поранешниот фудбалер на Арсенал, Јувентус и Нотингем форест, откако во 2018 година доби затворска казна од 50 дена за напад на таксист, иако казната ја помина во домашен притвор. Пред осум години пак, тој доби тригодишна забрана за возење на автомобил откако беше фатен во акохолизирана состојба.

Бендтнер нема ангажман откако си замина од Копенхаген на крајот на 2019 година.

Share
Scroll to Top