Обичен оган не го плаши „Ајсмен“ – Раиконен сам си го гаснеше болидот

Обичен оган не го плаши „Ајсмен“ – Раиконен сам си го гаснеше болидот

пред 3 години

Формула 1 фановите повторно беа „почестени“ со голема огнена топка, откако болидот на Алфа Ромео на Кими Раиконен се запали на вториот тренинг пред Абу Даби ГП трката.

Откако му откажа моторот, Раиконен не застана веднаш, а откако веќе немаше каде го паркираше болидот покрај патеката Јас Марина, а преку радиото јасно му кажаа: „Голем пожар, бегај од таму“.

41-годишниот Финец остана смирен, а потоа дури помагаше на маршалите покрај патеката да се изгасне огнот.

„Немаше од што да се плашам. Штета што огнот ми ја уништи сесијата и што морав да го гаснам“, изјави ладнокрвно „Ајсмен“.

Share
Scroll to Top