„Ова Светско првенство е фијаско за фудбалот“

„Ова Светско првенство е фијаско за фудбалот“

пред 7 часа

Легендарниот Ули Хенес е целосно разочаран од Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Поранешниот фудбалер и долгогодишен претседател на Баерн Минхен ја критикуваше ФИФА и организацијата на Мундијалот.

„Според мене, ова Светско првенство е фијаско за фудбалот. Просечната цена на билетите за финалето е 2.000 долари? Каде одиме?“, праша 74-годишникот од Улм.

Иако почесниот прв човек на баварскиот гигант смета дека идејата за донесување дополнителен профит во фудбалот е добра, тој ја осудува оваа стратегија.

„Отсекогаш сум бил за комерцијализација во фудбалот, но не во оваа екстремна форма. Не би ја поддржал со купување билети. Апсолутно немав желба да одам на ова Светско првенство. Дури и да сакав, ќе го изгубев интересот поради оддалеченоста на стадионите од населените места“, заклучи Хенес.

Јавноста најмногу ја критикува Светската куќа на фудбалот за воведувањето паузи за освежување, кои се задолжителни без оглед на временските услови. И покрај тоа што температурата во неколку наврати беше совршена за игра, судиите двапати го прекинаа натпреварот за да можат што е можно повеќе платени реклами да добијат медиумски простор.

Беше наведена забелешка дека фудбалот се игра во четвртини на тековното Светско првенство.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top