Магазинот „Франс фудбал“ го објави конечниот список од десет кандидати за „Вечната Златна топка“.
„Златната топка на сите времиња All Time Ballon d’Or “ (B.O.A.T.)“ е посебен избор што го започнаа организаторите на „Златната топка“ во 2026 година, со цел да им се овозможи на навивачите да ја изберат најимпресивната година во историјата на освојувањето на оваа награда.
За разлика од традиционалната „Златна топка“, победникот не го одлучува жири од спортски новинари, туку навивачите преку интернет гласање.
Како се избира победникот?
1. Учествуваат само фудбалери кои ја освоиле „Златната топка“ барем двапати;
2. Се гласа за одредена година, не само за играч. На пример, за Меси во 2012 година или Кристијано Роналдо во 2016 година;
3. Секој глас чини едно евро. Формално, корисникот купува дигитална фотографија, што му дава право да гласа;
4. Бројот на гласови не е ограничен. Истото лице може да гласа колку пати сака, плаќајќи по едно евро за секој нов глас;
Кои се кандидатите?
На официјалниот список има десет фудбалери, со вкупно 32 изданија од нивните победнички години.
Фудбалер / Број на Златни топки
Лионел Меси / 8
Кристијано Роналдо / 5
Мишел Платини / 3
Јохан Кројф / 3
Марко ван Бастен / 3
Роналдо Назарио / 2
Франц Бекенбауер / 2
Алфредо ди Стефано / 2
Кевин Киген / 2
Карл-Хајнц Румениге / 2
Кога се објавува победникот?
Гласањето завршува на 27 октомври во 23:59 часот по централно европско време. Објавувањето на резултатите е еден ден подоцна.
Зошто ги нема Пеле и Марадона?
Пеле, Марадона и многу други јужноамерикански асови кои ја заслужија „Златната топка“ низ историјата, во минатото не можеа да бидат во ова натпреварување, бидејќи „Франс фудбал“ почна да ја доделува наградата на играчи надвор од Европа дури во 1995 година, но под услов да играат во Европа.
Пред 19 години, сите ограничувања беа отстранети.
Промени во правилата за подобност за награди низ историјата:
• 1956 – 1994: Само европски фудбалери кои играа во европски лиги можеа да аплицираат за наградата.
• 1995 – 2006: Правилата беа проширени на играчи од која било националност, под услов да играат за европски клуб.
• 2007 – денес: Златната топка официјално станува глобална награда за која се натпреваруваат сите професионални фудбалери во светот, без оглед на националноста или клубот и лигата во која играат.






