Огромна е разликата во платите на возачите во Ф1

Огромна е разликата во платите на возачите во Ф1

пред 10 месеци

Најавата за преселба на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари на крајот на годината го разбранува пазарот на возачи.

Празното место во престижниот болид на Мерцедес е огромен предизвик за повеќето возачи во Ф1, а фактот што Карлос Саинц Јуниор, возач со докажан потенцијал е слободен може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Затоа, не е чудно што тимовите решија на своите најдобри возачи да им дадат богати плати за долгорочни договори, за да го спречат нивното евентуално заминување.

Најмногу профитираа Шарл Леклер и Ландо Норис, кои потпишаа исклучително профитабилни договори за да бидат скриени од радарот на Мерцедес.

„Рејсинг њуз 365“, открива дека Леклер оваа година во Ферари ќе заработи дури 34 милиони евра, што го прави трет најплатен возач зад недопирливото дуо Макс Ферстапен – Луис Хамилтон.

Норис веднаш „скокна“ на четвртото место со годишна плата од 20 милиони евра во Мекларен.

Инаку, трикратниот последователен шампион Ферстапен останува најплатен возач кој ќе заработи најмалку 55 милиони евра, додека Мерцедес ќе му плати на Хамилтон дури 45 милиони во последната година од договорот.

Интересно е да се анализираат и другите плати.

Така Серхио Перез, вицешампион од минатат сезона, според платата е на скромното седмо место. Мексиканецот годинава ќе заработи 14 милиони евра.

Францускиот Алпин реши да ги почести своите возачи, Естебан Окон и Пјер Гасли, кои на тимот му донесоа само две трети места минатата година, со плата од по шест милиони евра.

Јуки Цунода и младиот Логан Сарџент се на дното на листата. Јапонецот и Американецот сезонава возат за плата од еден милион евра.

Важно е да се напомене дека се работи за основни плати кои не вклучуваат бонуси за победи и подиуми, тимски резултати или што било друго.

Share
Scroll to Top