Поранешниот бразилски фудбалер Робињо, шест месеци се наоѓа зад решетки, издржува девет годишна затворска казна на која беше осуден за групно силување. Неговите адвокати по шест месеци поднеле барање за намалување на казната која судот ја одбил.
Робињо беше осуден во Италија во 2017 година за учество во групно силување што се случи во 2013 година. Жртвата била 22-годишна девојка од Албанија, Бразилецот во моментот кога го извршил делото играше за Милан, а во Италија пресудата стана правосилна во 2022 година, кога Врховниот суд на Италија ја потврди казната.
На 21 март, судот во Бразил пресуди дека Рбињо затворската казна ќе ја отслужи во Бразил. Одлуката е донесена поради сериозноста на делото, иако Бразил нема меѓународен договор со Италија според кој неговите граѓани би служеле затворски казни за кои биле осудени надвор од Бразил во самиот Бразил. Бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани, италијанските правосудни органи се согласија Робињо казната да ја одлежи во бразилски затвор.
Само еден ден подоцна, Робињо беше уапсен и сместен во затворот „Тремемба II“, кој има многу помалку затвореници од другите бразилски затвори и е познат кај Бразилците како затвор на славните.
Адвокатите на Робињо се уште се обидуваат да ја намалат казната, но, како што пренесува порталот „Лео Диас“, не успеале. .
Овој пат се обиделе да ја сменат категоријата на кривичното дело, односно тешкото кривично дело да се сведе само на кривично дело бидејќи во Бразил не постои можност за намалување на казната за тешки кривични дела. Адвокатите на Робињо сметаат дека силувањето не спаѓа во категоријата тешки кривични