Одбојкарската репрезентација на македонија утринава безбедно слета во Скопје. Синоќа тие имаа непријатна ситуација по полетувањето од Цирих, кога гром го погодил авионот, поради што леталото од безбедносни причини веднаш следалот на аеродромот.
На социјалната мрежа „Фејсбук“, Одбојкарската федерација кратко напиша, „посилни од громовите“.
Одбојкарите нема да имаат многу време за одмор, за 38 часа ќе патуваат за Хрватска.