Одиме! Вајт на преговори со Хабиб, ќе успее ли да го врати во октагонот?

Одиме! Вајт на преговори со Хабиб, ќе успее ли да го врати во октагонот?

пред 3 години

Шпекулациите околу враќањето на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов во кафезот се зголемија, откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт објави кратко видео од двајцата како влегуваат во соба за состаноци.

Вајт, повторно во улога на голем шоу-мајстор, со наслов: „Одиме!“, прво го носи Нурмагомедов кон канцеларијата, по што ја затвора вратата, собирајќи илјадници лајкови за неколку часови. Претходно, Вајт изјави дека очекува состанокот да трае „пет минути“ во кои ќе добие јасен одговор – да или не.

Хабиб се повлече од спортот по победата над Џастин Гетџи минатата година, велејќи дека така и ветил на својата мајка по смртта на неговиот татко и ментор, Абдулманап Нурмагомедов. Подоцна, тој изјави дека си купил овци и дека ќе се посвети на добивањето факултетска диплома по економија, иако призна дека ќе го убедуваат да се врати со огромна сума пари. Секако, главна желба на фановите е римеч со Конор Мекгрегор, кого го победи во четири рунди во 2018 година. Мекгрегор се враќа во кафезот против Дастин Поаире следниот викенд.

Share
Scroll to Top