Од продавач на чевли до врвoт – Претседателската награда на УЕФА за легендарниот Ариго Саки

Од продавач на чевли до врвoт – Претседателската награда на УЕФА за легендарниот Ариго Саки

пред 2 години

Легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки е добитник на наградата за животно дело, Претседателската награда на УЕФА, одбележувајќи ја неговата улога на човек кој направи револуција во фудбалот.

Саки, кој никогаш во кариерата не беше професионален фудбалер, и многу години работеше како продавач на чевлие познат по неговата изјава: „Не сфаќав дека мораш да бидеш коњ за да станеш џокеј“. Тој двапати беше на клупата на Милан (1987-1991, 1996-97), освојувајќи две титули во Европскиот куп, а од 1991 до 1996 беше на чело на италијанската репрезентација, со која стигна до финалето на СП во 1994, кога во САД загубија на пенали од Бразил.

„Малкумина ја смениле филозофијата на фудбалот на начин на кој тоа го правеше риго Саки, така што можеме да кажеме дека спортот може да се подели на две ери – пред и после Саки. Бескрајните тактички иновации којтој ги направи денеска се темел на секој фудбалски ученик, и генерации на тренери кои следеа по него“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Share
Scroll to Top