Талентираниот Унгарец, Доминик Собослаи, кариерата ќе ја продолжи во Гермнија. „Скај Спорт“, тврди дека играчот на Ред Бул Салцбург ќе се пресели во братскиот Ред Бул Лајпциг, кај тренерот Јулијан Нагелсман.
„Скај Спорт“, објави дека клубовите ги договориле сите детали, останува само Собослаи да го стави својот потпис на договорот. Трансферот бил договорен оваа недела кога спортскиот директор на Салцбург, Кристоф Фројнд, бил во Лајпциг.
Клубовите и фудбалерот имале желба да го официјализираат трансферот Божикните празници.
Откупната клаузула на Собослаи во договорот со Салцбург изнесува 25 милиони евра.
Во изминатиот период, менаџерот на 20-годишниот репрезентативец на Унгарија имал контакти со Реал и Атлетико Мадрид, односно Арсенал и Баерн Минхен. Сепак Собослаи го одбрал Лајпциг.