Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во интервју за француски „Л`кип“ изјави дека шампионот на Европа од 2024 година ќе се добива на „Ф4“ турнир наместо како повеќедецениското одигрување на мечеви на неутрален терен, со две полуфиналиња.
Не е тешко да се претпостави дека Словенецот на оваа идеја дошол по успешно спроведениот „Ф8“ турнир минатата сезона кој беше поради пандемијата на коронавирусот, а се одржа во Лисабон.
„Лично би сакал тоа да се направи. Се залагам за Ф4 во ЛШ, тоа би било сјајно. И ефикасно во поглед на приходите ако добро се направи. Разговараме за идејата, се уште не е одлучено. Нем потреба да се брза. Ми се допадна „Ф8“ минатата година во Португалија, но тој турнир траеше повеќе од 2 недели, тоа е предолго. „Ф4“ по 2024 –та постојат предности и недостатоци, тоа може да е фантастично фудбалско случување“ вели Чеферин.
Словенецот со соработниците сака да спречи монотонија и постојани триумфи на богатите клубови, а една од идеите е правилото од ЛШ со регистрација на 25 играчи плус фудбалерите од сопствената академија да се прошири и на домашните првенства.
Ceferin : « J’aimerais que cela se fasse. Je suis en faveur d’un Final 4 en C1. Cela pourrait être formidable, et efficace en termes de revenus si c’est bien fait. »
Beaucoup de gens naïfs ont cru que ce boulet “a sauvé le football”. MDR … pic.twitter.com/Pz7bxCddnf
— Campista (@Nou_Campista) May 29, 2021