Озил: Барселона е виновна што Ел Класико повеќе не е најголемиот натпревар во светот

Озил: Барселона е виновна што Ел Класико повеќе не е најголемиот натпревар во светот

пред 8 месеци

Месут Озил, поранешен фудбалер на Реал, во интервју за „Марка“, го коментираше ривалството помеѓу Реал и Барселона.

„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За наша жал, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега вниманието на гледачите е повеќе насочено кон натпреварите како Ливерпул – Сити или други дерби натпревари во Премиер лигата. Ел Класико не предизвикува толкаво внимание, за тоа виновен Реал, туку Барселона, која е во пад“, вели поранешниот германски репрезентативец.

Тој смета дека неговиот поранешен клуб Реал е најблиску до освојување на Лигата на шампионите.

„Натпреварот против Сити беше фантастичен. Англичаните доминираа речиси во текот на целиот натпревар, но Реал играше интелигентно и се бранеше брилијантно. Извикав „Хала Мадрид“, по последниот пенал. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите”.

Европско првенство?

„Англија и Франција имаат неверојатни екипи. Не само првите 11, туку и ширината на нивниот ростер е неверојатна. Сепак, на вакви турнири треба да имате и малку среќа. Мислам дека Шпанија, Португалија или Германија исто така би можеле да стигнат до финалето”.

Озил кариерата ја започна во Шалке, од кој по две години замина во Вердер. За Реал играше од 2010 до 2013 година, а потоа мина осум години во Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција каде прво настапуваше за Фенербахче, а потоа и за Истанбул Башакшехир.

Share
Scroll to Top