Освојувачот на Светското првенство, Месут Озил го комплетираше официјално трансферот во Фенербахче, ставајќи крај на речиси осумгодишниот престој во северен Лондон кај Арсенал, престој кој заврши неславно.
„Топчиите“ го раскинаа неговиот договор со 350.000 фунти неделна плата шест месеци предвреме, и тој сега го комплетираше трансферот во клубот за кој навиваше во своето детство, и Фенер, конечно, го потврдија тоа во неделата.
Озил може да дебитира за новиот клуб на гостувањето кај Сиваспор во четврток во меч од Суперлигата, но најверојатно тоа ќе се случи против Кајзериспор четири дена подоцна. 32-годишниот поранешен германски репрезентативец треба да биде голема помош на тимот на Ерол Булут, кој ја брка првата титула од 2014 година со само три поени разлика од лидерите Галатасарај.
Трансферот беше најавен уште во понеделник кога Озил на социјалните мрежи ја објави горната фотографија како за рака се држи самиот себе како дете, со дресовите на Фенербахче и со пораката „Минато и иднина“.
Rüya gerçek oldu: Mesut Özil Fenerbahçemizde! ?#FenerSignMesut https://t.co/ZY00yCmVhC pic.twitter.com/oXJPfmfTJZ
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) January 24, 2021