„Олајџувон беше подобар играч од Шекил“

„Олајџувон беше подобар играч од Шекил“

пред 3 години

Еден од најтрофејните играчи во НБА историјата, Роберт Ори, тврди дека Хаким Олајџувон бил подобар играч од Шекил О’Нил. Оро, во кариерата, со Хјустон, ЛА Лејкерси и Сан Антонио освоил седум шампионски прстени.

Роберт Ори и Хаким Олајџувон беа соиграчи во Хјустон, во 1994 и 1995 година беа шампиони во НБА. Во 1995 година Олајџувон беше МВП на финалната серија, во која Хјустон со 4-0 го поразија Орландо со Шекил О’Нил.

„Хаким беше подобра играч. Шек беше доминантен, но Хаким беше подобра играч. Шек имаше ‘скил’, но Хаким имаше малку повеќе ‘скил’. Хаким беше добра од линијата за слободни фрлања, а сите знаеме каков беше Шек од оваа позиција. Хаким имаше и карактеристичен ‘фејдавеј’ шут, кој редовно го погодуваше. Хаким беше подобар“, рекол Ори во ‘подкастот’, Рингер.

Хаким, кариерата ја заврши со две титули и просек од 21,8 поени, 11,1 скокови, 2,5 асистенции и 3,1 блокади по натпревар. Олајџувон е играч со најмногу блокади во историјата на НБА.

Share
Scroll to Top