ОПТА: Сити и Реал со најмногу шанси за титулата во ЛШ

ОПТА: Сити и Реал со најмногу шанси за титулата во ЛШ

пред 1 недела

Во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите супер компкутерот на „ОПТА“ ги пресмета шансите за освојување на титулата на секој од 36.учесници.

Според супер компјутерот најмногу шанси за конечен триумф има Манчестер сити (25,3 отсто), следува актуелниот првак Реал Мадрид (18,2), трет е Интер (10,9).

Интересно, само овие три тима имаа над 10 отсто шанси да ја освојат титулата. Девет екипи имаат 0 отсто шанси да дојдат до титулата: Селтик, Динамо Загреб, Салцбург, Штурм, Брест, Црвена звезда, Шахтјор, Слован Братислава и Јанг Бојс.

Супер компјутерот смета дека регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда имаат 17,4, односно 6,2 отсто шанси да се пласираат во осмина финалето.

Share
Scroll to Top