Светската тенисерка број 2, Јапонката Наоми Осака објави дека нема да дава интервјуа за време на вториот гренд слем од сезоната, Францускиот опен во Париз, бидејќи смета дека прес-конференциите лошо влијаат на менталното здравје на спортистите.
Таа посочува дека нема „ништо лично“ против огромниот број на новинари кои ќе бидат во Париз, но дека разговарањето со репортерите по поразите е како да „шутирате некого кога е долу“.
„Честопати сметам дека луѓето не водат никаква сметка за менталното здравје на спортистите и тоа се докажува кога ќе гледам или ќе присуствувам на прес-конференција. Честопати не прашуваат исти прашања кои носат сомнеж во нашиот ум и нема да го дозволам тоа“, вели 23-годишната Осака.
Останува да се види дали ќе и следи казна од организаторите. Во јануари, Американецот Кристијан Херисон доби казна од 3.000 долари од АТП откако одби да даде интервју на турнирот во Делреј Бич поради одбивањето да носи заштитна маска.
Правилата на Ролан Гарос значат дека таа може да добие казни до 20.000 долари за секое пропуштено интервју и 23-годишната Јапонка, која само лани заработи 37 милиони долари, се надева дека средствата ќе се искористат како донација за добротворни организации за ментално здравје.
Од друга страна на Осака лани не и пречеше да биде во центарот на медиумите со пораките за поддршка на протестите по смртта на Џорџ Флојд.